Откако Тамара Тодевска го истетовира делот на македонската химна кој не го испеа, некако кај познатите работата како да тргна периодов се почесто да бидат во тату студио и да си направат некоја тетоважа.
На Панчо Шорти му се исполни сонот Македонија да игра фудбал на Европско, па и тој ги тетовираше имињата на македонскиот тим на позадина од македонското знаме. Но, Панчо е еден од оние Македонци кои може да се каже дека имаат најголем број тетоважи на себе, па дури и самиот вели дека не знае колку ги има.
Велат дека оние што еднаш се тетовираат, никогаш не застануваат со една тетоважа, а во таа група се приклучи и мисицата Кристина Димитриевска, која пак реши да направи две тетоважи на едно одење кај тату артист, а истото неодамна го стори и Мелита Ракиќевиќ.

Тетоважите отсекогаш биле во тренд, но периодов очигледно станаа ултра актуелни.
Извор: vistina.com.mk