Силен блесок на метеор што паѓа го осветли небото над западна Јапонија, а таа сцена ја забележаа телевизиските камери и корисниците на социјалните мрежи.

Метеорот силно изгоре додека брзо минуваше низ атмосферата на Земјата, пренесе Associated Press.
Многу луѓе во западна Јапонија објавија на социјалните мрежи дека биле сведоци на оваа ретка глетка.
Телевизијата NHK објави дека нејзините камери во префектурите Аичи, Мија и на други места ја снимиле „огнената топка на небото“.
Снимките од камерите во пристаништето Нагоја покажуваат како метеорот сјае како полна Месечина додека се приближува кон Земјата.
Некои експерти рекоа дека е можно мали делови од метеорот да паднале на Земјата.
Извор: kajgana.com