Рецепт за совршено домашно топло чоколадо на француски начин – ќе го обожувате


Доколку сте љубители на чоколадниот вкус, тогаш овој рецепт е создаден за вас.

Топло чоколадо, онака како што го подготвуваат Французите!

Состојки:
– 500 милилитри млеко;
– 100 грама темно чоколадо;
– 1 лажица шеќер;
– 1 цимет;
– 1 лажица какао;
– 1 кесичка екстракт од ванила;
– прстофат сол.

Подготовка:
Загрејте го млекото во сад, додадете го циметот и екстрактот од ванила. Кога млекото ќе проврие, оставете го на тивок оган уште неколку минути за да се почувствува мирисот на циметот.

Додадете една лажица какао и добро измешајте. Во смесата додадете шеќер и сол – како тајна состојка. Потоа додадете ја чоколадата и непрекинато мешајте додека таа не се стопи и не се добие потребната густина на смесата.

Французите обожуваат тост лепчиња да ги потопуваат во топлото чоколадо. Пробајте и вие!

Извор: точка.ком.мк

Previous 81-годишна пензионерка се омажила за 35-годишен младич – „Првата ноќ се чувствував како девица“
Next Прекрасен европски град кој ќе ве маѓепса со своите знаменитости, а во кој кафето и пивото се за џабе

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *