Прекрасен европски град кој ќе ве маѓепса со своите знаменитости, а во кој кафето и пивото се за џабе


Лавов го има еден од најубавите плоштади во тој дел од Европа. Куќите и зградите на тој простор изградени се во различни стилови – од ренесанса до модернизам.

Лавов е град во западна Украина, близу границата со Полска. Лежи на реката Полтва и го зазема првото место во Украина по бројот на зачувани културно-историски споменици, а со својата убавина и широката лепеза на различни градби се истакнува меѓу градовите во средна и источна Европа. Тој е и под заштита на УНЕСКО.

Што да посетите таму?

Поради своите културно-историски споменици тој го има еден од најубавите плоштади во Европа, составен од 44 куќички кои што се изградени во различен стил – од ренесанса до модернизам. Една од најубавите куќи таму е „Црната куќа“ која што е прекрасен пример за ренесансната украинска култура.

На плоштадот се наоѓаат и четири фонтани, скулптури кои што симболизираат митолошки суштества – Нептун, Дијана, Амфитрит и Адонис.

Голем број споменици доминираат и во средишниот дел од градот кој што датира од 16 и 17 век, а многу од историчарите го сметаат за „музеј на отворено“. Севкупната архитектура на градот ја дополнуваат и црквите.

На плоштадот на слободата се наоѓа и Оперскиот театар со останатите девет театри и 60 музеи, а овој град го прават престолнина на културата.

Што да јадете и пиете и какви се цените?
Најпознатото украинско јадење „вареники“ – кнедли т.е. топчиња од тесто без квасец, полнети со пире, кисела зелка, сирење, варени јајца…

Таму има и превкусни украински палачинки од компир „deruny“, пробајте и грузиски „knachapuri“, леб полнет со сирење и јајца.

Во овој град ќе може да се опуштите малку повеќе од останатите популарни туристички дестинации. Цените понекогаш се „смешни“. На пример, пиво може да добиете за 50 денари, а кафе за 30 денари.

Извор: точка.ком.мк

Previous Рецепт за совршено домашно топло чоколадо на француски начин – ќе го обожувате
Next Хороскопски знаци кои имаат вродено чувство за елеганција

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *