Ирена Спировска пред камери ги разголи долгите и витки нозе, а коментарите за еден детаљ не престанаа да се редат (фото)


Секоја припадничка на понежниот пол, особено оние што се појавуваат пред камери, се трудат да изгледаат совршено.

Избор на комбинација, фризура, шминка… тоа најдобро го знаат дамите, но пејачките и водителките особено имаат поголема посветеност на изгледот која бара и доста време.

Секојдневно се случуваат снимања на емисии, промоции, а ТВ водителката Ирена Спировска е една од нашите познати водителки која е меѓу најангажираните, па постојано има за предизвик да го избере најдобриот аутфит за себе.

ФОТО:ИРЕНА СПИРОВСКА/ФЕЈСБУК

Овој пат за една таква прилика, односно снимањето на утринската програма на ТВ Алфа „Добро утро секое утро“, Ирена избра црно бел коктел фустан кој ја истакна нејзината витка линија, но најмногу се истакнаа нејзиноте долги и витки нозе кои ги прекрсти како манекенка.

Фотографијата доби повеќе од илјада лајкови, но и коментари кои не престанаа да се редат, а во нив пофалби колку сакаш:

ФОТО:ИРЕНА СПИРОВСКА/ФЕЈСБУК

„Прекрасно изгледаш Ирена, како да застанало времето… Жена со стил, елегантна секогаш или со еден збор – перфектна“, „ Убавина без временска рамка“, „Елеганција , шарм и бистар поглед, зачинето со грациозност и харизматичност едноставно се во едно“, пишуваа до недоглед, но се најде и една интересна забелепка на која и Ирена се насмеа.

„Се свиткала ко ѓеврек со сланина“, на што таа веднаш возврати:

„ Добра забелешка.Студено е во студио наутро во 6.30ч“, појасни Ирена и се насмеа на овој коментар.

Елегантана,женствена,благо провокативна или „свиткана“ , Ирена Спировска секогаш ги има симпатиите на публиката.

Извор: vistina.com.mk

Previous Наместо од Марадона, луѓето се простуваат од Мадона
Next СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 28 И 29 НОЕМВРИ 2020 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *