Како настанал „медениот месец“ кој младенците со нетрпение го очекуваат?


Дали сте знаеле дека овој назив датира уште од Месопотамија, поточно од градот Вавилон?

Во Вавилон постоел обичај месец дена после венчавката, таткото на невестата да го снабдува својот зет со онолку медовина колку што овој можел да испие.

Медовината иначе е пиво од мед. Бидејќи Вавилонците користеле лунеарен календар, овој месец се нарекувал „месецот на медот“.
Од тогаш всушност потекнува и називот „меден месец“.

Во источна Европа на пијалоците им се припишувале и лековити својства – работниците со нив ги измивале раните а сите ги пиеле за да живеат подолго.

На медовината му се припишувале и афродизијачки својства па новопечените сопружници ги охрабрувале да пијат во што поголеми количини, за да добијат потомство што побрзо.

Извор: srekja.mk

Previous Потрошила милион фунти да изгледа како Ким Кардашијан
Next Златен ретривер стана херој – Му го спаси животот на својот сопственик

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *