Златен ретривер стана херој – Му го спаси животот на својот сопственик


(ВИДЕО)Не се вели без причина дека кучето е најдобриот пријател на човекот.

За кучињата се вели дека се најдобриот пријател на човекот, но понекогаш можат да бидат дури и повеќе од тоа. Понекогаш спасуваат животи, но и домовите на своите сопственици.

Еден златен ретривер е прогласен за херој кој довел возило на брза помош кога неговиот сопственик се онесвестил.
Сопственикот на кучето се онесвестил во една мала уличка во Јунченг во една кинеска провинција. Минувачите кои се нашле тука повикале брза помош. Кога возилото на брзата помош пристигнало, верното куче стоело на сред улица и ја чекало помошта.

Кога го здогледало возилото кучето му пријдело и потоа потрчало во правец на местото каде лежел сопственикот, потоа неколку пати се гледало назад да види дали го следат и потоа истрчало кон својот сопственик.
Работниците на брзата помош го следеле кучето до сопственикот и му пружиле помош.
Брзата реакција му го спасила животот а да не било кучето можеби не би го пронашле во толку краток рок.

Извор: srekja.mk

Previous Како настанал „медениот месец“ кој младенците со нетрпение го очекуваат?
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 26 НОЕМВРИ 2020

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *