Мими Јовановска воодушеви во „Ѕвездите на Гранд“, а сега покажа од кого ја наследила својата убавина (фото)


Македонската пејачка Мими Јовановска воодушеви со своите вокални способности во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Под менторство на Џенан Лончаревиќ, Мими одлично се подготви за своите изведби, а од стручното жири доби само пофални зборови.

Марија Шерифовиќ дури истакна дека пее точно како „швајцарски часовник“, а останатите имаа само пофални зборови за неа.

Мими редовно објавува на социјалните мрежи и ги известува фановите за нејзиното  постигнување во „Ѕвездите на Гранд“.

Меѓутоа, овој пат пејачката покажа од кого ја наследила својата убавина.Имено, во кусите приказни на „Инстаграм“ таа сподели фотограгија  од нејзината мајка.

Двете дами биле на шетање во Скопје, а овој момент го овековечија со заедничка фотографија.

„Време за мајка и ќерка“, напиша пејачката на Стори.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/МИМИЈОВАНОВСКА

Еве како изгледа мајката на Мими.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/МИМИЈОВАНОВСКА

До каде ќе стигне во региоаналното музичко шоу, останува да видиме.

Извор: vistina.com.mk

Previous СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 24 НОЕМВРИ 2020 ГОДИНА
Next Во Полска отворен најдлабокиот базен на светот (видео)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *