СРЕЌЕН НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ЗА 23-28 НОЕМВРИ 2020 ГОДИНА


ОВЕН
Фокусирани сте кон финансиите и заработката. Не постојат промени на долгорочен план. Ако се обидувате да се справите со некои лични или професионални компликации, тоа се нешта кои ви се навраќаат од минатото.

БИК
Конечно излегувате од школката, вашата самодоверба расте, ќе бидете изненадени од вашите пријатели и тоа ќе ви помогне да ја превземете главната улога. Вашето расположение е радосно но сепак се обидувате да ја задржите среќата за себе.

БЛИЗНАЦИ
Можете да си дозволите да здивнете. И покрај се, нештата се одвиваат на начин на кој што посакувате. Наскоро ќе добиете поддршка од универзумот и ќе успеете да постигнете нешта со вашите зборови. При крајот на неделата подгответе се за промена.

РАК
Не можете да ги натерате другите луѓе да го слушаат вашиот збор. Се што можете да направите е да му верувате на вашата моќ на убедување и да се надевате дека се ќе биде онака како што посакувате. Ако сте во потрага по нова работа, некој пријател ќе ви ја покаже вистинската насока.

ЛАВ
Не треба да ги слушате другите луѓе затоа што голем дел од нив само се обидуваат да ве спуштат подолу и да ве поразат. Обидете се да го следите сопствениот пат, вие знаете што е најдобро за вас, верувајте во моќта на доброто.

ДЕВИЦА
Стравувате дека ќе заостанете назад. Замислувате дека другите го вложуваат сиот труд и тоа не е фер. Можеби треба да помислите за тоа дека заостанувањето понекогаш може да ви донесе бенефиции, оставете другите да ја превземат контролата.

ВАГА
Во брачниот живот се делува среќно и полетно, при крајот на неделата страста ќе биде повторно разбудена. Некои ваши планови можеби нема да се остварат онака како што посакувате. Месечината ги отежнува вашите емоции, започнува еден чувствителен период во вашиот живот.

ШКОРПИЈА
Ви пристигнуваат позитивните вести во врска со вашите финансии, наскоро ќе ги чуете деталите. Очекувајте неколку изненадувања кои ќе бидат подобри отколку што сте очекувале. Ќе морате да донесете некоја одлука во врска со одговорност.

СТРЕЛЕЦ
Јупитер и Сатурн ве влечат во две насоки. Не можете да се обвините себеси ако се чувствувате заглавено помеѓу две непомирувачки опции. Во овој период, добрите семејни врски се клучот.

ЈАРЕЦ
Оваа недела е совршена за опуштање, задоволство и љубов. Се што треба да направите е да ја исчистите вашата агенда и да пронајдете идеално место и време за одмор. Направете изненадувачка забава во домот која ќе пружи комфорт и позитива.

ВОДОЛИЈА
Ништо не останува исто засекогаш. Можеби премногу брзате во донесувањето на одлуки кога е во прашање љубовта. Нетрпеливи сте и нештата околу вас ве иритираат. Марс, планетата на војната ги поттикнува вашите скриени чувства и ве охрабрува да застанете за себеси.

РИБИ
Надежта живее вечно. Не го заборавајте ова едноставно мото кога ќе го почувствувате товарот на светот на вашите плеќи и кога сте изморени од се. Ова не се лесни мигови за они со деликатна душа, но вербата во иднината ќе ве води напред.

Извор: srekja.mk

Previous Хитмен - Импровизирани балистички методи
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 24 НОЕМВРИ 2020 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *