СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 23 НОЕМВРИ 2020 ГОДИНА


ОВЕН
Лесно е да изберете да бидете слаби кога нештата во вашиот живот се случуваат толку брзо и немате контрола над нив, лесно е да се однесувате како вие да сте жртвата. Но она што треба да го направите е да застаните исправено и да превземете контрола врз вашиот живот. Само на тој начин ќе пристигнете кон подобра иднина.

БИК
Престанете да ги набројувате во вашата глава сите оние ситуации кои биле тешки и нефер спрема вас. Само го губите вашето време и не постигнувате ништо освен тоа што се сожалувате сеебси. Наместо тоа, започнете да ги набројувате сите нешта за кои сте среќни и благодарни. Бидете сигурни дека само така ќе привлечете поубави нешта во вашиот живот.

БЛИЗНАЦИ
Иако во овие предизвикувачки мигови е вистински тешко да го уживате животот, обидете се барем малку да поминете добро време. Понекогаш животот не не носи онаму каде што посакуваме да бидете туку онаму каде што треба да сме. Запомнете дека најубавите искуства се случуваат кога најмалку се надеваме. Сонцето и Венера ви носат изненадувачка промена која ви е потребна.

РАК
Сезоните се менуваат, плимата и осеката доаѓаат и си одат а во меѓувреме животот продолжува да тече и да донесува нешта кои се непредвидливи. Иако еден дел од вас посакува да има многу посмирено секојдневие, другиот дел жеднее за авантура.Обидете се да бидете поспонтани, ако не превземате ризици нема да пронајдете никакво задоволство.

ЛАВ
Чии правила следите ако не вашите. Добро погледнете кон нив, вие сте нивниот креатор и сте комплетно споосбни да ги преправите за да ви бидат што посоодветни. Ја имате способноста да ја отстраните секоја рестрикција. Пристигнува период во вашиот живот кога ќе бидете доста инспирирани.

ДЕВИЦА
Се надевате дека ќе добиете разбирање и поддршка. Овој процес ќе вклучува доста авантури и непредвидливи нешта. Очекувајте иновативни идеи. Постои друг начин на кој можете да погледнете на некоја ситуација со која со соочувате во моментот. Ве очекува ветува за успешна врска.

ВАГА
Се ставате себеси под голем притисок и тоа ви донесува потешкотии. Марс се движи директно во вашиот спортивен знак, ќе чувствувате дека сите ве провоцираат а исто така ќе мислите дека времето тече а вие не сте успеале да завршите ништо. Ништо не е онака како што изгледа, ако застанете и размислите подобро, се е под контрола.

ШКОРПИЈА
Понекогаш ни се чини дека не можме ништо да направиме како што треба. Се трудиме да дадеме се од себе но сепак се ни делува како само да се приближуваме до ситуацијата која сакаме да ја избегнеме. Венера влегува во вашиот знак и ви донесува самодоверба, а тоа ќе ви помогне да пристигнете во една позитивна фаза во вашиот живот.

СТРЕЛЕЦ
Во еден сегмент на вашиот живот вие не сте емпатични а би требало да сте. Дури и ако сите факти се изнесени на виделина вие упорно се држите за една претпоставка. Само затоа што реалноста не е онаква каква шт сте очекувале не значи дека не треба да имате храброст во вашите убедувања. Сонцето влегува во вашиот знак а тоа ќе ви помогне да ја зборувате вистината.

ЈАРЕЦ
Се соочувате со непријатна ситуација која ве доведува до хаос. Немојте да брзате да спаковате се и да оставите на страна. Не само што тоа поседува вредност туку и ги содржи сите одговори на прашањата кои ви се потребни.

ВОДОЛИЈА
Во минатото сте биле доста повредени и сега имате поставено психички бариери и не дозволувате никој да ги премине. На тој начин се спречувате себеси да гледате јасно на некои нешта а тоа ве доведува до конфузија. Венера се поврзува со Уран и тоа ви донесува нови чувства во вашиот љубовен живот.

РИБИ
Не се чудете зошто сте изморени и изгубени, се обидувате да остварите цел која е невозможна.Очекувајте универзумот да ви даде нова насока на која ќе треба да се движите, тоа е онаа која треба да ја следите. Вашите магнетички способности се доста изразени, ќе привлекувате добри нешта кон себе.

Извор: srekja.mk

Previous Хитмен мастерот на преправање Хокаидо и Мајами
Next Цвеклото помага во чистење на организмот од токсини и го зајакнува имунитетот

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *