СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 16 НОЕМВРИ 2020 ГОДИНА


ОВЕН
Настапува период кога ќе почнете да гледате назад кон вашите соништа и цели и некои од нив ќе ви делуваат како да се далечно минато, можеби ќе почувствувате незадоволство и несигурност поради тоа што некои од нив останале само желба. Но пред вас се отвора светол пат и вистинското време за нивно остварување пристигнува. Не дозволувајте ништо да ја промени вашата перспектива.

БИК
Нешто ја запира вашата креативност и имагинација, можно е да е тоа некој внатрешен проблем, некои чувства или мисли кои ве мачат. Тие ви претставуваат пречка да живеете мирен и спокоен живот. Размислете добро можеби некои од тие нешта непотребно ви го одвлекуваат вниманието, време е да се ослободите од теретот.

БЛИЗНАЦИ
Денот ќе го започнете со голем ентузијазам. Ќе сакате да им помагате на другите и ќе пронаоѓате задоволство и спокој во тоа кога гледате насмевка на туѓите лице. Ќе успеете да остварите некоја ваша желба а тоа ќе ве мотивира да гледате кон иднината со радост и задоволство. Економската ситуација се подобрува.

РАК
Внимавајте на вашата импулсивност и емоции, овие денови можно е да започнувате конфликти без мотив. Можно е да делувате премногу избувливо кон некоја драга личност и тоа може да ги повреди и растажи. Оние Ракови кои се во брак ќе уживаат во романтични мигови со партнерот.

ЛАВ
Останете ментално силни и цврсти. Финансиската состојба наскоро ќе се подобри, нема причина да бидете загрижени и да стравувате, нештата ќе се подредат. Можно е да откриете некој загубен предмет во домот кој сте го барале долго време. Здравјето е нормално, внимавајте на стресот.

ДЕВИЦА
Нови можности се отвораат на вашиот пат,  ќе се чувствувате подмладено и полни со елан. Вашиот живот е во ваша контрола и немојте да дозволувате никој да ве убедува во спротивното. Во вашиот живот наскоро ќе пристигне интересна личност од која ќе научите многу работи, тоа ќе ја промени вашата перспектива кон многу нешта.

ВАГА
Денес немојте да верувате во зборовите кои ги кажува некој ваш близок роднина или пријател, голема е веројатноста да сакаат да изнудат одредена емоција или да извлечат некоја корист од ваша состојба. Можно е да наидете на некој неочекуван проблем но нема потреба за паника. Ќе се ивлечете како победник. Здравјето е одлично.

ШКОРПИЈА
Менталната состојба ви е прилично силна, ништо не може да ве разочара или изнервира, ги имате своите чувства во совршена контрола. Во последно време можеби сте сонувале некоја личност која одамна не сте ја виделе или чуле, можно е да и недостигате и да мисли на вас.

СТРЕЛЕЦ
Денес правете ги сите оние нешта кои ви донесуваат радост и ве прават исполнети. Одвојте време за себе и за својата благосостојба. Доколку патувате, бидете претпазливи. Ќе добиете информација поврзана со вашата работа или вашиот бизнис, среќни мигови поминати во спокојна домашна атмосфера.

ЈАРЕЦ
Денес ќе наидете на проблем кој ќе ве спречи да ги исполните вашите работни обврски, тоа ќе ве направи фрустрирани и ќе ве извади од колосек. Побарајте помош и совет од некој пријател или колега, тие радо ќе ви помогнат. Финансиските проблеми полека одминуваат, денес е особено поволен ден за оние кои се студенти.

ВОДОЛИЈА
Чувствувате спокој, задоволни сте од моменталната состојба на вашиот живот иако можеби не е се совршено. Продолжете така затоа што на тој начин ги привлекувате позитивните нешта во вашиот живот, полека се ќе почне да се одвива како што треба. Некоја постара личност ви нуди мудри зборови, послушајте ги.

РИБИ
Можно е да сретнете некој стар пријател или роднина а тоа ќе ви разбуди емоции, ќе бидете среќни но и разбранувани во исто време. Спомените од минатото ќе ве преплавуваат. Посетете религиозни место, тоа ќе ве успокои. Поминувајте време со деца и посветете се на некоја креативна активност.

Извор: srekja.mk

Previous Природна маска за коса против првут и опаѓање на косата
Next Мажите ги фаќа поголема паника пред венчавката отколку жените

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *