Природна маска за коса против првут и опаѓање на косата


Првут, опаѓање на косата, па дури и предвремени седи влакна – сите тие проблеми можете да ги решите со помош на овој рецепт од само две состојки. Лимонов сок и кокосово масло.

Веројатно оваа комбинација нема да им одговара на сите, но бидејќи состојките се природни а многумина тврдат дека им помагаат, вреди да се обидите.

За кокосовото масло веројатно веќе знаете дека има многу предноси во консумирањето а можеби сте го пробале и при прижење на храна. Во козметиката исто така има широка примена. Има антимикробно делување а масните киселини во него го зајакнуваат влакното и спречуваат појава на бели влакна.
Во комбинација со лимоновиот сок кој е богат со витамин Ц и Б, тоа ја негува вашата коса, го заштитува влакното од пукање и спречува појава на седи влакна.

Како да ја направите оваа домашна маска:
Измешајте 3 лажици лимонов сок со лажица кокосово масло и вмасирајте во косата. Оставете да делува околу еден час и потоа исплакнете со чиста вода а потоа со благ шампон.
Оваа маска се користи еднаш неделно.

Извор: srekja.mk

Previous Дневна доза Хитмен - Хавен Исланд
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 16 НОЕМВРИ 2020 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *