Вистината за љубовта која ретко кој ја знае


Сите велат дека да сакаш некого воопшто не треба да биде тешко. Не мораш да се бориш за да задржиш некого во твојот живот ако тој припаѓа таму. И никогаш не успевав да го разберам тоа. Секогаш искусував таква љубов која прави да посакаш да вриснеш. Во животот наидував единствено на љубов која те тера да се прашуваш за сопственото постоење.

Онаква љубов која те прави исклучително среќен но и екстремно тажен, дури и осамен, а тоа ме тераше да се прашувам себеси дали воопшт некогаш вистински сум ја запознала љубовта и дали сето тоа кое сум го чувствувала воопшто било љубов.
Се до мигот кога открив дека сакањето воопшто не било тешко.

Се додека открив дека сакајќи го него е како дишење. Не морам да се потсетувам себеси дека морам да дишам како што не морам да се потсетувам себеси дека го сакам.
Сите секогаш раскажуваат дека љубовта е нешто лудо, нешто кое те прави да го изгубиш паметот.

Но не, тоа воопшто не е така. Љубовта е таа која те враќа на вистинскиот пат, онаа која те освестува од лудилото на животот.
Тој ми покажа дека љубовта воопшто не е тешка, и сето она кое прави таа да биде тешка – едноставно не е љубов.

Извор: srekja.mk

Previous Панчо исто како Тамара, со важна тетоважа, само на различно место и од различна причина – многу посилна! (ФОТО)
Next „ВРБА“ НА МИЛЧО МАНЧЕВСКИ Е МАКЕДОНСКИ КАНДИДАТ ЗА ОСКАР

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *