in ,

Зошто нити едно државно знаме на светот нема виолетова боја?

Не е случајност. Постои вистинска причина зошто нити едно знаме на светот нема виолетова боја.

Одговорот е едноставен – виолетовата боја била премногу скапа до 1800-та година. Соодветно со тоа често била поврзувана со власта, моќта и богатството.
Дури и кралицата Елизабета I им ја забранила на сите, освен на блиските членови на кралското семејство да носат ваква боја.

Виолетовата боја порано се добивала на многу тежок начин и била доста ретка. Оригиналната виолетова боја била добивана од малиот морски полжав кој единствено можел да се пронајде на подрачјето на денешен Либан.

Затоа нешто кое било толку ретко имало и висока цена. И не само тоа што било тешко да се стигне до неа, туку биле потребни и повеќе од 10000 морски полжави за да се направи само 1 грам виолетова боја.
Од таа причина, само богаташите и кралските семејства можеле да си дозволат на себеси нешто во виолетова боја.

Извор: srekja.mk

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Бизнисмен се кладел за 5 милиони долари дека Доналд Трамп ќе победи

Два нови Хитмен контракти – Корумптирани полицајци и Истебување