Бизнисмен се кладел за 5 милиони долари дека Доналд Трамп ќе победи


Падна најголемата политичка кладба на светот и тоа за прогнозата на исходот на изборите во САД. Еден мистериозен бизнисмен од Англија вложил 5 милиони долари дека Доналд Трамп ќе победи и тоа со квота 37/20.

Овој милионер користел и приватни канали на кладење, регистрирани на Карибите а пред да се одлучи да ја вложи дебелата сума – се консултирал со прогнозери.

Ако Трамп победел бизнисменот би можел да добие 15 милиони долари.

Тој не е единствениот милионер кој се кладеше на овој начин во резултатот на америчките избори. Еден богаташ вложи 1,29 милиони долари кладејќи се на победа на противкандидатот Џо Бајден.
Со победата на Бајден овој милионер оствари добивка од половина милион.

Исто така се кладел и обичниот свет а најголемите кладилници Ladbrokes и Sportsbet ќе оствареа загуба од 10 милиони долари ако Трамп го добиеше мандатот на чело на САД.

Извор: srekja.mk

Previous Морски народ може да го задржи здивот под вода 13 минути
Next Зошто нити едно државно знаме на светот нема виолетова боја?

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *