СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 10 НОЕМВРИ 2020 ГОДИНА


ОВЕН
Денес ќе бидете прилично опуштени, ќе ги оставите работните обврски и ќе сакате да посветите време на себе. Можно е да размислувате за започнување на некое хоби кое воедно ќе ви донесе и задоволство и добивка. Ќе размислувате како да ја развивате вашата креативност. Подгответе се за многу пријатни изненадувања.

БИК
Месечината денес ви донесува поволности во сферата на финансиите, доколку правите некоја инвестиција или размислувате како да заработите повеќе, среќата ќе биде на ваша страна. Ќе морате да вложите повеќе труд во врска со некоја личност која ви се допаѓа, љубовта ќе ви биде возвратена.

БЛИЗНАЦИ
Ќе имате проблеми со комуникацијата со некоја личност која ви е од големо значење, иако тоа вообичаено не е проблем за вас, Меркур планетата на комуникацијата прави некој застој во тоа поле. Наскоро ќе имате прилика да поправите некоја грешка од минатото.

РАК
Ќе привлекувате внимание каде и да се појавите, зрачите со аура на која никој не може да одолее. Ќе се истакнете во врска со некоја ваша идеа или план и сите ќе ви ракоплескаат. Некоја личност смета на вашата поддршка и го цени вашето мислење, внимавајте какви совети нудите.

ЛАВ
Ништо не може да ве спречи на патот да ги остварите вашите соништа. Вашите страсти се толку моќни што ќе направат да газите се пред себе. Ќе морате да направите избор помеѓу нешто што го сакате и нешто што е правилно. Ќе морате да поработите на материјалната стабилност.

ДЕВИЦА
Ви пристигнува заслужена награда а тоа ќе ве направи мотивирани и горди. Искрени сте а тоа ве претставува во едно многу достоинствено светло во очите на другите. Слушајте внимателно, некоја личност од вашето опкружување индиректно ви испраќа сигнали дека и се допаѓате.

ВАГА
Денес планетата Венер ќе влезе во вашиот сектор на одговорноста. Ќе бидете свесни за сопствените чувства и ќе сакате да донесувате добри одлуки со цел да не повредите никого. Се приближува период кога ќе почнете да гледате на се околу вас од поведрата страна. Консултирајте се со некој близок кога е во прашање донесување на важна животна одлука.

ШКОРПИЈА
Потребно е да посветите поголемо внимание на вашиот дом и семејство, на некого му е потребно разведрување а тоа можете да го сторите само вие. Вашите пријатели ќе ве поканат на некое случување каде ќе запознаете нови луѓе и лудо ќе се забавувате, немојте да ја одбивате поканата.

СТРЕЛЕЦ
Месечината завзема моќна позиција во вашата соларна карта. Ќе морате да обрнувате поголемо внимание на тоа што зборуваат другите луѓе околу вас, така ќе ги продлабочите своите знаења и ќе стекнете нови погледи на некои нешта кои ќе ви користат. Вашите пријатели ќе ве поддржат во некоја одлука и ќе бидат доста горди на вас.

ЈАРЕЦ
Ги шармирате сите околу себе а тоа благодарение на Месечината која е во идеална позиција да ве направи неодоливи за другите. Имате ретка способност да можете да ги убедувате другите и да добивате од нив се што ќе посакате. Избегнувајте да го наметнувате своето мислење затоа што можно е да влезете во конфликт.

ВОДОЛИЈА
Вашето расположение ќе се менува во текот на денот. Можно е да бидете малку фрустрирани од однесувањето на оние околу вас, но не грижете се затоа што при крајот на денот ќе бидете смирени и задоволни. Некој повик или порака ќе ви ги разбуди пеперутките во стомакот.

РИБИ
Ви претстои добра зделка која никако не смеете да ја испуштите. Сите ќе бидат импресионирани од вашата способност за комуникација. Немојте да се плашите да кажувате се што мислите, другите се инспирирани од вашите зборови. Добро размислете пред да ги искажите чувствата спрема личноста која ви се допаѓа, веројатно таа нема исти гледишта на нештата.

Извор: srekja.mk

Previous Новата студија открива кога е најздраво да се консумира утринското кафе – пред или по појадокот?
Next РЕЦЕПТ: Пикантен намаз од туна

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *