РЕЦЕПТ: Пикантен намаз од туна


Намаз кој се подготвува брзо и лесно и е супер вкусен оброк.

СОСТОЈКИ:

  • 1 конзерва туна
  • 2 лажици мајонез
  • 3 лажици лут ајвар
  • 1 лажичка магдонос
  • 1 лажичка сок од лимон
  • 1 мала лажичка ситно сецкан лук
  • сол и бибер

ПОДГОТОВКА:
Туната на парчиња добро исцедете ја од маслото па истиснете ја со вилушка на ситни парчиња.
Во одвоен сад ставете го ситно сецканиот магдонос и лукот.
Додадете го мајонезот, ајварот, сол и бибер и ореви по желба, за крај додадете го и сокот од лимон и сето тоа добро изедначете го.

Оставете во фрижидер половина час. Намазот сервирајте го студен со препречен леб.

Извор: srekja.mk

Previous СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 10 НОЕМВРИ 2020 ГОДИНА
Next Најпопуларниот стил на уредување на бањата за оваа година

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *