Новата студија открива кога е најздраво да се консумира утринското кафе – пред или по појадокот?


Лошо сте спиеле и сте се разбудиле уморни. Секако, првото нешто што го правите е „посета“ на кујната и припрема на вашето прво утринско кафе кое прописно ќе ве разбуди.
Но, новата студија на универзитетот во Бат открива дека тоа можеби и не е толку добра идеја.

Имено, заклучокот на истражувачите кои работеле на ова истражување е дека консумирањето кафе пред појадок ја намалува соодветната реакција на организмот на покаченото ниво на шеќер во крвта, поради што тие препорачуваат да се пие кафе по, а не пред појадокот.

Во оваа научна студија учествувале 29 здрави возрасни луѓе кои биле субјекти на 3 различни експерименти помеѓу кои поминало најмалку една недела. Во првиот од нив, доброволците биле замолени да спијат од 23 часот до 7 часот наутро, а кога ќе станат да консумираат шеќерна напивка со ист број калории како типичен појадок. Во вториот експеримент, истражувачите ги буделе на секој час сред ноќ и барале од нив да им одговорат на порака. И во овој случај, доброволците добиле задача да испијат шеќерна напивка по станувањето. Третиот експеримент бил сличен на вториот, со тоа што неговите учесници морале да испијат кафе пред да консумираат шеќерна напивка.

Кога ги анализирале резултатите на овие 3 експерименти, истражувачите дошле до заклучок дека една непроспиена ноќ сама по себе не го нарушува функционирањето на организмот и неговата реакција на покаченото ниво на шеќер во крвта. Меѓутоа, тоа не важи во случајот кога луѓето го пијат своето утринско кафе пред појадок. Реакцијата на организмот на покаченото ниво на шеќер во крвта тогаш доцни, што секако не е добро за нас, особено ако сме имале појадок богат со јаглехидрати.

Пораката на оваа студија е јасна: Воздржете се од пиење кафе пред појадок! Подеднакво ќе ви годи една шолја од оваа топла напивка и откако веќе сте јаделе, а со тоа сигурно нема да си го нарушите здравјето.

Извор: точка.мк

Previous Хитмен 2 - Претседателски Атентат
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 10 НОЕМВРИ 2020 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *