Биба Додева позитивна на коронавирус


Пејачката Биба Додева на својот Инстаграм профил објави дека е позитивна на коронавирус.

„Време на КОВИД 19. Дај Боже да помине поскоро“, напиша таа покрај фотографијата.

Македонската пејачка објави дека има коронавирус и ја покажа тажната страна на нејзината битка. Со внукот може да си игра само преку прозорец.

На фотографиите Биба Додева го „гали“ и си зборува со внукот Александар, само преку стаклото од прозорецот.

Фотографиите се слатки, но и многу тажни. Ова е реалноста во која живеат многумина кои не можат да си ги допрат најмилите поради епидемијата.

Извор: vistina.com.mk

Previous Хитмен 2 - Злобна шема
Next Прашања кои никогаш не треба да му ги поставите на пилот

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *