Датумот на родендените,годишнините,имендените… се чест повод на познатите за да објават и откријат нешто од приватноста.
Во време на корона пандемија пак кога музичката сцена е ставена на респиратор, буквално овие моменти од приватниот живот на познатите стана единственото нешто кое го споделуваат како информација од нивното секојдневие.
Еден таков повод, роденденски, имаше и пејачката и докторка, Симона Поповска која по повод роденденот на нејзината сестра, инаку исто така докторка и честиташе на Инсатграм со заедничка фотографија и емотивна порака во која вели:
-Среќен роденден сестро. Ти си многу посебна во мојот живот, не само затоа што си ми драга сестра, туку и затоа што си една од моите најдобри пријателки. Без тебе немаше да стигнам толку далеку.Драга сестричке, ти посакувам се најдобро на твојот голем ден и секој ден во твојот живот нека биде полн со задоволство, љубов и простеритет. Те сакам!- пишува Симона во роденденската честитка до својата сестра Биби.

ФОТОСИМОНА ПОПОВСКА/ИНСТАГРАМ/ПРИНТСКРИН
Инаку, сестрата на Симона работи како докторка на Клиниката за пулмологија и алергологија.
Извор: vistina.com.mk