Која верзија ви е подобра? Кеба “украде” песна од Наум Петрески (видео)


Пандемијата со коронавирусот ги стави на пауза пејачите, музичарите….кои веќе подолго време повеќето од нив не настапуваат, а некои не создаваат ни музички дела.

Меѓутоа, некои од нив пак одлучија да објават по некој сингл, да го развеселат народот со музика и можеби да им ги отргнат мислите од короната и сите лоши случувања во 2020та година.

Така, српскиот пејач Драган Којиќ Кеба одлучи љубителите на неговата музика да ги израдува со новиот сингл „Последња жеља“ за која сними и видео запис.

Меѓутоа, оној кој ја следи музиката, ќе забележи дека е преработка на песната „Последна желба“ од Наум Петрески.

Не навлегуваме во тоа дали двајцата уметници се договориле за соработка или не, но оние кои ги сакат народните песни сигурно ќе уживаат во двете верзии.

Единствена разлика е тоа кај верзијата на Наум Петрески преовладуваат тамбури и хармоника, додека кај Кеба преовладуваат трубите.

Во продолжение слушнете ги двете верзии, па проценете која повеќе ви се допаѓа.

Извор: vistina.com.mk

Previous Пронајдени фосилизирани јајца од диносаурус стари 80 милиони години
Next Нов Hitman 2 контракт: HITMAN 2 - The Mob Wife - #270

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *