Колку спиете? – Големите умови спиеле само неколку часа дневно


Психолозите и научниците тврдат дека спиењето е важно за нормалното функционирање и дека на возрасните личности им се потребни шест до осум часа квалитетен сон.
Меѓутоа, постои приказна дека големите умови како што се Тесла, Леонардо да Винчи, но и државници како Винстон Черчил и Томас Џеферсон не губеле време на спиење.

Спрема некои верувања, српскиот научник Никола Тесла спиел само по два до три часа дневно.

„Мислам дека не постои нити едно возбудување кое минува низ човечкото срце како што е она кое го чувствува изумителот кога ќе види некоја креација како се подигнува од светлото на денот. Таквите емоции го тераат човек да заборави да јаде, спие, да заборави на љубов..“ – велел Тесла.

И физичарот Исак Њутн спиел три до четири часа дневно, а доживеал длабока старост. Знаел да работи деноноќно без пауза, сон и храна.

Некои извори тврдат дека Леонардо да Винчи спиел по час до два дневно и тоа така што одмарал по 15 до 20 минути на секои четири часа. Постои мит дека додека ги создавал своите уметнички дела, умеел да остане буден и по 22 часа дневно.

Повеќе од натписот ќе најдете на наредниот линк: Големите умови спиеле само неколку часа

Извор: srekja.mk

Previous Последните две мисији од новата игра Mafia, 19 и 20
Next 3 ситуации во кои зголемувањето на тежината е нормално

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *