НАСА денеска потврди историско откритие – дефинитивно има вода на Месечината.
Американската вселенска агенција потврди присуство на вода на површината на Земјиниот природен сателит.
Откритието е направено со помош на SOFIA, опсерваторијата на NASA со која управуваат заеднички со Германскиот воздухопловен центар.
Пол Херц во име на НАСА рече дека станува збор за откритие што покажува на кој начин водата се дистрибуира и не е ограничена само на ладните засенети места околу половите на Месечината.
Тој додаде дека ова откритие поставува нови прашања, како на пример како водата настанала и како може да опстојува во сурови услови и без воздух.
Извор: kajgana.com