Каде во авионот има најмногу бактерии и вируси?


Нема место за паника при патување, но треба да бидете свесни дека авионите се полни со бактерии и вируси, исто како и сите други јавни места кои често се користат.

Повеќето комерцијални авиони примаат од 150 до 350 патници по лет, а со оглед на густиот распоред на патувања, темелното чистење не е вообичаено како што треба. Ова не значи дека треба да ги откажете сите летови и да патувате со автобус, или воопшто да не патувате, но да бидете свесни, како и да носите марамчиња или средства за дезинфекција на рацете, што секако го правиме во ова време на пандемија со COVID-19.

Многумина би биле изненадени, но тоалетот не е највалканиот дел од авионот. Иако дефинитивно треба добро да ги измиете рацете откако ќе ја допрете кваката и другите места што најчесто се допираат, среќна околност е што тоалетите редовно се чистат.

Микробиолозите предупредуваат дека масите на склопување во авионот имаат осум пати повеќе бактерии и вируси отколку копчето за пуштање вода во тоалетот. Затоа, слободно избришете ги со средства за дезинфекција пред употреба.

Отворите за воздух над главата исто така високо котираат на списокот највалкани делови на авионот. Според истражувањата, некои патници ги допираат седум пати во текот на летот за да имаат повеќе воздух или да го намалат протокот на воздух, додека оставаат „свој белег“ како патогени микроби кои можат да преживеат со денови.

Иако не можеме да избегнеме да го допираме појасот, микробиолозите советуваат да користиме средства за дезинфекција на рацете после врзување или одврзување.

Извор: kajgana.com

Previous АЗИРУС ГЕЈМИНГ: Првата мисија од Хорор играта Amnesia Rebirth со наслов-The Flight | Cassandra | Caves | Walkthrough Part #1
Next 11 најневеројатни подводни откритија

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *