Најстариот пингвин на светот го прослави 41-от роденден


Женката пингвин Олди наполни 41 година а со тоа влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстариот пингвин на светот.

Видот кој е со потекло од Антарктикот и околните острови обично живее само 30 години но оваа женка ја надмина статистиката.

Дени ларсен од одделението за односи со јавноста во Зоолошката градина Оденс изјави дека целиот тим кој работи таму се исклучително среќни што Олди е помеѓу нив.
Целата Зоолошка градина  е горда на Олди за која тврдат дека е тивка и мирна.

„Никогаш нема расправии помеѓу неа и останатите пингвини“, велат чуварите на пингвини во Оденс – Сенди Манк и Мет Хеикел.

Поради своите години Олди има малку поинаков третман во однос на остантите пингвини. На пример, риба и послужуваат одвоено со цел да не мора да ја споделува со помладите, исто така водат исклучителна евиденција околу нејзиното здравје и состојба со цел Олди да биде среќна и задоволна на своето место на живеење.

Извор: srekja.mk

Previous СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 22 ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА
Next ТРОЈЦА ВЕЛЕШКИ КАЈАКАРИ ВО ТОП 5 ВО ЕВРОПА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *