Eве што имаат заедничко Сара Мејс и Лепа Брена: Славеа на ист ден, а македонската пејачката се расплака од гестот на ќерката – „Си се изнаплакав“


Месец октомври дефинитивно е во знак на македонската пејачка Сара Костадиновска или позната како Сара Мејс.

Само убави  и радосни вести пристигнуваат од домот на македонската пејачка.

Имено, неодамна таа беше среќна и горда мајка затоа што нејзината ќерка Илина за првпат тргна во градинка.

Среќни вести од домот на пејачката пристигнаа и кога соопшти дека како харфистка ќе  ја претставува Македонија токму на светскиот ден на харфата како дел од меѓународниот проект на Окса и тоа токму на нејзиниот роденден.

Меѓутоа, вчера (20.10.2020) повторно имаше повод за славење и радување.

Имено, пејачката го прослави својот роденден и наполни 30 години. Сара славаеше роденден на ист датум како и српската ѕвезда Лепа Брена, но само што фолк дивата наполни 60 години, а нашата македонската пејачка дуваше свеќичка со број 30.

Токму по тој повод, Сара доби изненадување од нејзината ќеркичка Илина и сопругот Димитар односно малата Илина на мама и пееше роденденска песничка додека ги дуваше свеќичките на тортата.

ФОТО: ИНСТАГРАМ/САРАХМАЧЕ

ФОТО: ИНСТАГРАМ/САРАХМАЧЕ

А  Сара се пофали дека нејзиниот сопруг бил иновативен, па и подарил торта, а место харфа, на тортата ставил ренде за јајца кое ќе го замени музичкиот инструмент.

„Само маж ми, Димитар Атанасовски може да биде толку иновативен. Ренде за јајца наместо харфа“, напиша таа.

ФОТО: ФЕЈСБУК

Пејачката се заблагодари на сите за честитките и истакна дека овој роденден и бил најубав досега.

Ви благодарам на сите за преубавите честитки, ми ја топлите душава, ова ми е најубавиот роденден до сега

Ве љубам“  напиша на Фејсбук

Извор: vistina.com.mk

Previous Овој поштар се спријателува со сите кучиња во чии домови носи пошта
Next Ќофтиња и шпагети на италијански начин: Ручек за 15 минути на маса

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *