Урнебесниот танц на Трамп стана хит на TikTok


Американскиот претседател Доналд Трамп стана TikTok инспирација поради неговото танцување кое во последно време го демонстрираше на неговите предизборни собири.

Кога се појави снимка од американскиот претседател Доналд Трамп во која танцува или барем се обидува тоа да го прави, не требаше многу за да неговите урнебесни движења се претворат во TikTok предизвик. Социјалната мрежа е преполна со верзии од чудниот танц во кој корисниците се обидуваат да ги имитираат движењата на Трамп.

Снимките се дополнително збогатени со различни музички позадини, со што целата ситуација е уште посмешна.

На собирот на кој е направена снимката, Трамп танцува на песната Y.M.C.A на Вилиџ Пипл.

Извор: kajgana.com

Previous Ова се најпродаваните конзоли на сите времиња: Која е вашата омилена?
Next FIFA 20: Јувентус против Ливерпул

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *