Ова се најпродаваните конзоли на сите времиња: Која е вашата омилена?


Крајот на годината се ближи, па ќе видиме кои конзоли беа најпродавани во 2020 година.

Ова е добра прилика да се потсетиме кои незаборавни конзоли нè одушевуваа низ децениите и ја одбележаа ерата.

Ова е листа на најпродаваните конзоли на сите времиња. Која е вашата омилена?

1. PlayStation 2 (159 милиони примероци)

Наследникот на легендарниот PlayStation се појави во 2000 година и го освои пазарот полн со силна конкуренција како што се Sega Dreamcast, Nintendo GameCube и Microsoft Xbox. Како и да е, никој не можеше да ѝ парира на популарноста на овој бестселер кој го освои пазарот и се искачи на престолот како најпродаваната конзола на сите времиња.

Со повеќе од 3.800 продадени игри во милијарда и пол примероци, „двојката“ ја задржаа својата популарност и по објавувањето на „тројката“, и со тоа станаа една од најдолговечните конзоли која се произведуваше 12 години.2. Nintendo DS (154 милиони)

2. Nintendo DS (154 милиони)

Во времето кога излезе (2004 година), Nintendo DS беше вистинска револуција на пазарот на преносни конзоли – имаше два LCD екрани, вграден микрофон и поддршка за безжична конекција што ви овозможи да играте или да комуницирате со повеќе плеери. Покрај оригиналот, се појавија и DS Lite, DSi и DSi XL.3. Game Boy/Game Boy Color (119 милиони)

3. Game Boy/Game Boy Color (119 милиони)

Иако претходно имаа успех со нивната серија Game & Watch, Game Boy беше огромен хит. Game Gear, Lynx и TurboExpress се обидоа да земат дел од колачот, па иако беа технолошки супериорни, Game Boy беше потраен, трошеше помалку и што е поважно, имаше одличен избор на видеоигри.

Остатокот од листата го сочинуваат PlayStation 4 (106 милиони), PlayStation (103 милиони), Nintendo WII (102 милиони), PlayStation 3 (88 милиони), Xbox 360 (85 милиони), Game Boy Advance (82 милиони), PlayStation Portable (80 милиони).

Извор: kajgana.com

Previous Најнов FIFA 20 гејмплеј на DJ Ljupce1982 во кој игра Ливерпул против Реал Мадрид
Next Урнебесниот танц на Трамп стана хит на TikTok

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *