in , ,

14 годишно девојче е на пат со своје откритје да го победи корона вирусот

Според изворот на Си-ен-ен, 14 горишно довојче од Тексас Америка е Научничка која би можела да биде од голема помош за пронаогање на лекот против Корона Вирусот. Научниците се веќе повеќе време активни и се прават големи напори за третман и проаногање лек против Ковид 19, во сета приказна се појави личност на пат сето тоа го реши, а доколку е сето ова точно според изворот на Си-ен-ен Аника Чебролу не само што е една од најдобрите научници во 20 во 2020 година, може да биде една од најголеми научнички во историјата.

Пронајдокот на Аника користи таканаречена „ин-силико“ методологија за да го открие главниот молекул што се поврзува со протеинот на коронавирусот САРС-Ков-2.

Аника е Индоамериканка, а нејзиниот проект првично не требало да се фокусира на Ковид-19, туку на грипот. Таа го сменила пристапот откако го забележала големото влијание на пандемијата на коронавирусот врз светот.

Аника вели дека освојувањето на наградата е чест, но нејзината работа не е завршена. Нејзината следна цел е да работи со научници и истражувачи за да ги искористи своите откритија за вистински лек за вирусот.

– Мојот труд да го најдам главното соединение што се врзува со протеинот на САРС-Ков-2 летово можеби изгледа како капка во океанот, но сепак е придонес. Начинот на кој ќе го развијам молекулот со помош на виролозите и специјалистите за создавање лекови ќе го одреди успехот на моите напори – изјавила Аника за Си-ен-ен.

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Велешанецот Азирус Гејминг го аплаудира својот најнов Tom Clancy’s The Division Hard Difficulty гејмплеј со наслов: Broadway Emporium

Погледнете го најновиот Хитмен 2 контракт преигран oд страна на Јутуберот Азирус Гејминг со наслов: HITMAN 2 – Not The Politician