И Тамара Тодевска ги напумпа усните, па ги напрчи за поубаво да се види резултатот (фото)


Пејачката Тамара Тодевска изминатите неколку месеци е максимално посветена на својот физички изглед.

Вежбањето во теретана и негувањето во козметички и фризерски салони за неа е рутина која не ја заобиколува.

Во денешно време како да останаа многу малку од припадничките на понежниот пол кои не одолеале на трендот да ги зголемат усните или пак не биле задоволни од формата и волументот даден од мајката природа.

За Тамара знаеме дека има природно полни усни, но очигледно посака да бидат уште пополни, можеби не премногу, но доволно за да бидат повпечатливи.

ФОТО:ТАМАРА ТОДЕВСКА/ИНСТАГРАМ/ПРИНТСКРИН

Таа на својот Инсатграм профил го пофали докторот кој ја изведе постапката, па го овековечи моментот на боцкањето, а потоа и финалниот резултат.

ФОТО:ТАМАРА ТОДЕВСКА/ИНСТАГРАМ/ПРИНТСКРИН

Дали некому тоа му се допаѓа или не, воопшто не е важно, бидејќи нели важно е човек сам да биде задоволен од она што е.

Извор: vistina.com.mk

Previous СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 20 ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА
Next „Кокошка за мојата кокошка“: Kaтарина Ивановска направи нова тетоважа (фото)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *