Кина планира да испрати роботи во свемирот да ископуваат руда на астероидите


Origin Space ќе лансира ракета “Long March” со која ќе управува Кинеската национална вселенска управа, во кој ќе биди првиот робот за рударење. Целта на оваа мисија е да се поттикнат приватните компании да започнат експлоатација на вселенските ресурси.

Фирмата со седиште во Пекинг го нарекува своето летало „Свемирски рударски робот“, но тој всушност повеќе ќе истражува отколку што ќе рудари. Ќе се користи за тестирање на неопходните астероиди за слетување и ископување со цел да се пронајдат драгоцени материјали и елементи како злато, сребро и кобалт.

Ископувањето на вселенските ресурси е се попопуларно во последните години, а тоа може да се забележи преку бројните зафати кои се прават за да се поттикне целта да се профитира од оваа индустрија, чија потејцијална вредност се проценува на речиси трилион долари.

Изгледите за новата златна грозница доведоа до отпор помеѓу некои научници кои се плашат дека другите планети и вселенски тела ќе бидат експлоатирани на ист начин на кој била и Земјата во последните неколку векови, па е предложено 85% од Сончевиот систем да се заштити од индустријски активности и да се „третира како дивина“.

„Осмина од рудата во појасот на астероиди е повеќе од милион пати поголемо од сите моментално проценети резерви на руда со кои располага Земјата. Тоа може да биде доволно за векови“, се наведува во предлогот на многу научници.

Извор: srekja.mk

Previous СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 17-18 ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА
Next Домашен лосион кој ги ублажува болките, го подобрува сонот и ги чува коските

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *