13 години без Тоше: Македонија се сеќава на загубата на својата најблескава ѕвезда, на својата музичка икона, на својот ангел… (ФОТО)


16-ти октомври, ден, денешен пред 13 години… Веројатно најкобното утро не само за македонската естрада, музика, култура, туку и за цела Македонија… Вистината за жал, кобна… за сите нас. Најмногу за него, неговото семејство, најблиските, другарите, пријателите, соработниците, за армијата негови верни обожаватели… Судбината сакаше да ни го земе, да останеме без нашата најблескава естрадна и не само естрадна ѕвезда, без нашата музичка икона, без најголемиот идол на нацијата, без нашиот ангел… без Тоше!

Шокот и болката неизмерни, неописиви, неподносливи, тагата длабока како бездна без дно, раната смртоносна, исто како судбината која посегна тоа кобно утро по легендата за да го однесе во вечноста, во алејата на сеќавања на најголемите уметници, но и најголемите и најхумани луѓе.

Тоше… како него се раѓа еден во 100 години на цел свет, еден во историјата на постоење на една нација со векови… Но како и на се’ што било најголемо, најзначајно и најсвето за ова парче македонска земја, од Александар Македонски, преку цар Самоил, Гоце Делчев, Ченто, Рацин, претседателот Трајковски… така проклетството на судбината сакаше да го земе во своите прегратки пребргу, прерано, премлад и него… нашиот Тоше.

Останаа непреболот, тагата, молкот на тишината, празнината… што ни ја остави со неговото заминување. Останаа и сеќавањата, спомените, чувствата, емоциите, тажните мисли… И денот на одбележување на неговото прерано, трагично заминување… во вечноста.

16 ноември 2020-та… 13 години без Тоше. Македонија се сеќава на својата најблескава ѕвезда, на својот ангел… Социјалните мрежи преполни со тажни спомени и чувство на гордост што го имавме, помалку грижа на совест што можеби не знаевме да го сочуваме… Но против судбината никој не може. Така било пишано… Од Бога, кој како по непишано правило своите најдобри чеда, за жал прерано ги прибира при себе… За да ги поштеди од овоземскиот пекол можеби, зашто тие сепак се избрани и предодредени за рајот.

Целосниот текест ќе го најдете на наредниот линк: 13 години без Тоше

Извор: vistina.com.mk

Previous Читањето книга пред спиење го подобрува квалитетот на сонот
Next Погледнете го најновиот Хитмен 2 контракт преигран на Азирус Гејминг со наслов: Hitman 2 - The Red Menace

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *