Шерон Стоун објасни зошто ставила крај на љубовните врски: „Не ми треба уште едно дете“


Актерката Шерон Стоун гостуваше во емисијата “The Drew Barrymore Show” откри бројни детали од својот живот.

Ѕвездата на филмот „Ниски страсти“ откри дека завршиле со љубовните врски, а сега откри и зошто.

„Завршив со забавувањата….Затоа што мислам дека луѓето не се искрени и не се вредни за моето време. Јас уживам во својата самотија и времето кое го поминувам со моите деца и моите пријатели“; изјави Шерон и додаде:

„Мислам дека не ми треба уште едно дете. Не ми треба неискреност и глупости“, одговори таа.

Стоун истакна дека не чувствува дека „мажите се на исто место како и жените“.

„Чувствувам дека мажите кои ги сретнувам се многу добри машки пријатели, но кога ќе дојде до емоционална зрелост, мислам дека мажите и жените се на различни места“ истакна актерката.

Извор: vistina.com.mk

Previous Возбуда и страв: Како изгледа повторната средба на Дин Шнајдер со лавовите?
Next eFootball PES 2020 - Македонија против Шпанија

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *