Приказната на 28-годишниот Дин Шнајдер кој даде отказ на добро платена работа во Швајцарија, продаде сè што поседува и замина во Јужна Африка за да им помага на животните ги восхитува луѓето ширум светот. Многумина му завидуваат и му се восхитуваат на храброста, а други велат дека никогаш не би се осмелиле да го направат истото.
Дин вели дека сака на луѓето да им ја пренесе љубовта кон животните бидејќи луѓето треба да го штитат тоа што го сакаат. Тој се труди да развие посебен однос со сите животни, а судејќи по неговиот Instagram каде го следат осум милиони луѓе, е доста успешен во тоа.
Особено е видлива неговата љубов со лавовите кои неизмерно го сакаат и му веруваат.
Тој пред 2 месеца замина во Швајцарија за да го посети неговото семејство и требаше да биде отсутен само 2 недели, но поради ситуацијата со коронавирусот беа откажани летовите па тој не можеше да се врати во Јужна Африка.

Сега конечно е дома – погледнете како изгледа неговата повторна средба со лавовите.
Извор: kajgana.com