Почина актерката Кончита Ферел која многумина ја пеметат како помошничката Берта од „Два ипол мажи“


Актерката Кончата Ферел, најпозната по улогата на помошничката Берта во серијата „Два ипол мажи“, почина на 78-годишна возраст.

Како што јавува „Deadline“, таа починала вчера поради компликации кои настапиле по застојот на срцето кој го претрпела.

Зајадливата Берта во ситкомот на „CBS“ беше еден од омилените ликови на гледачите, а од неа на социјалните мрежи се опрости и долгогодишниот главен актер Чарли Шин.

„Таа беше апсолутно мила, вистинска професионалка и искрена пријателка, а ова е шокантна и болна загуба. Берта, твоето грижење за домот беше дискутабилно, но твоето грижење за луѓето беше совршено“, напишал Шин на Твитер.

Како што пишуваат странските медиуми, Кончата починала опкружена со членовите на своето семејство во болницата Шерман Оукс во истоимениот округ. Таа од 1986 година била во брак со Арни Арденсон со кој ја има 38-годишната ќерка Саманта.

Нејзините здравствени проблеми започнале во мај, кога завршила во болница поради инфекција. По неколку дена доживеала застој на срцето поради што била 4 недели на интензивна нега. Во јули била преместена на оддел за интензивна нега.

Ферел беше 3 пати номинирана за наградата „Еми“.

Извор: vistina.com.mk

Previous Немате со кого да пиете кафе? – Можеби луѓето ве избегнуваат поради оваа причина
Next Најнова Фејсбук група за Гејмери со наслов: Sony PS4, PS5 i PC Gejming

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *