По Ања Ветерова и Лила, сега и Марјана Станојковска заигра како Џеј Ло на „Pa ti“: Лото девојката „меша“ како вклучена во струја (видео)


Оној што еднаш ја слушнал новата песна на Џенифер Лопез со Малума, „Pa ti“, ќе потврди дека тој модерен латино ритам, а и текстот ќе ве натера да ја слушнете повторно, да запеете, но и да заиграте.

Од нашите познати дами, прва во тоа се проба младата пејачка Ања Ветерова, која заигра додека го чекаше друштвото, а потоа следна беше и ТВ водителката Лила Филиповска.

Таа заигра нешто посуптилно за разлика од Ања, облечена во бел баде мантил, но „Pa ti“, бидејќи е во тренд, Лила не го пропушти.

Овој пат токму оваа „заразна“ песна како предизвик за играње ја постави Лото девојката Марјана Станојковска која досега го понуди најжешкиот танц.

Познато е дека Марјана е ултра талентирана за танцување, а овој хит го изигра како да е вклулучена во струја. Облечена во тесни црни тренерки и кус топ од кој и се гледаше тенкиот струк, Марјана ја има доминацијата за македонската Џеј Ло.

Лила и Ања поминаа на редот за „Pa ti“, а дали ќе има следни во овој обид кои ќе го прифатат предизвикот на Марјана, останува да видиме.

А, веруваме и дека само едно гледање нема да ви биде доволно…

Извор: vistina.com.mk

Previous Ова е првиот микс на DJ Ljupce1982 направен
Next Есенцијата на урбаниот живот во Велика Британија низ фотографии

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *