Бројките не лажат – PlayStation води во „војната на конзолите“


Нарачките, односно можноста за предвремени нарачки, на новата генерација на конзоли започна на крајот на септември и беше прилично бурна за обете страни, но светот на видеоигрите едноставно „гори“ во изминатиов период.

Најмногу интерес генерира Sony PlayStation 5, додека има помал интерес за купување н Xbox Series конзолите, иако постои опција за купување на многу поевтиниот S модел.

Истражувањето во САД, најголемиот пазар на конзоли, покажа дека има огромен интерес за Playstation 5, каде повеќе од 80% од оние кои успеаја да направат предвремена нарачка на конзола од следната генерација ја избраа баш „петката“.

Се разбира, треба е да се земе предвид дека можеби Microsoft обезбеди многу помалку конзоли за предвремените нарачки во споредба со Sony, бидејќи и тие исто така брзо „вивнаа“.

Ова е поткрепено со фактот дека 51% од клиентите кои не успеаја да ја нарачаат предвреме конзолата Xbox Series сепак планираат да ја купат, но тоа сепак е послабо во споредба со PS5.

Се чини дека цената нема да биде пресудна со оваа генерација на конзоли, а играчите сепак ја избираат платформата што ќе понуди најмногу видеоигри на самиот почеток, што е убедливо Sony, иако ќе бидат малку поскапи. Xbox немаше ексклузива уште на почетокот, а веќе слабата понуда е дополнително осакатена од одложувањето на Halo Infinite за следната година.

Извор: kajgana.com

Previous Анџелина Џоли проговори за најтешките моменти во животот: „Станав безначајна, дури и невидлива“
Next Го зајакнува имунитетот подобро од витамин Ц: Овој чај проверено ги уништува вирусите и ги чисти дишните патишта

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *