Maкедонски дуел: Мими повторно „растури“ со пеење во „Ѕвездите на Гранд“ – „Ти си лек за уши“


Во последната емисија од третиот круг на регионалното музичко шоу учестуваа и неколку македонски кандидати, некои од нив поминаа директно во следниот круг, а некои го напуштија шоуто.

Посебен белег остави Мими Јовановска која се најде во т.н македонски дуел со Марио Арангеловски од Куманово.

Марио Арангеловски се претстави со песните „Кида ме“ и „Фали ми љубав“.

Додека пак Мими се претстави со песните „Судбо моја“ и „Проклет да је овај живот“.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ

Марио доби три гласа и оди во следниот круг, додека пак Мими ги освои сите гласови од жирито и се пласираше директно во четвртиот круг.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ

Жирито имаше пофални зборови и за двајцата македонски кандидати.

„Фантастични два кандидати. Се беше супер, само продолжете така. Точно во тој правец“ изјави Мили.

Вики Миљковиќ исто така го пофали пеењето на Мими:

„Таа е лек за уши“, беше кратка и јасна пејачката.

Нивниот настап ќе може да го погледнете во видеото подолу на 2:36: 20.

Извор: vistina.com.mk

Previous Видео што ме посеќа на некоје старо време: Elena Risteska - Come and get me (DJ Ljupce1982 EDIT)
Next Ристе Ристески за првпат ја покажа помалата сестричка (фото)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *