in , ,

Ресторан во Прага нуди десерт во облик на коронавирусот

Ресторан во центарот на Прага во понудата има десерт во облик на коронавирусот. Десертот стана хит меѓу гостите, а угостителите се надеваат дека ќе им помогне со економската криза со која се соочени поради пандемијата.

Ресторанот Black Madonna обично е преполн со туристи, но поради пандемијата на COVID-19 нивниот број е опаднат додека Чешка се бори со вирусот

Креаторката на десертот, Украинката Олга Будник вели дека идејата ја добила за време на пролетниот карантин, пренесе Reuters.

Наишла на фотографија на интернет и детално смислила како ќе изгледа десертот, кој е малку помал од тениско топче, со чоколадна кора, украсено со бело чоколадо и суви малини. Внатрешноста е од пире од малини и малини во средината. Деликатесот постигна огромен успех и се продава по повеќе од 100 парчиња дневно.

Будник веќе размислува и за нов десерт на тема вакцината против вирусот, а би требало да има вкус на лимета со малку алкохол.

Извор: kajgana.com

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Работа од дома: Пет грешки кои ѝ пречат на вашата кариера

Што вели науката за еднаш прељубник, секогаш прељубник?