РЕЦЕПТ: Макарони со карфиол и сирење


Како да споите две крајности и од тоа да направите неодоливо вкусен оброј? Ви претставуваме одличен рецепт кој се подготвува брзо и лесно.

АКо не сте баш голем обожавател на карфиол, подеднакво вкусна може да биде и брокулата. Доколку сте расположени за вистински веган-оброк, можете да искористите и млади тиквички со кои додатно ќе го збогатите овој рецепт.

СОСТОЈКИ (за 6 особи):

  • 1 главица карфиол исечена на мали делови
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол и бибер
  • 3 лажици путер
  • ½ црн лук исецкан на ситни парчиња
  • 2 чешни бел лук, ситно исецкан
  • 3 лажици брашно
  • 2 чаши и половина млеко
  • 1 кг макарони по избор
  • ¼ мелено мускатно оревчеЗа прелив:
  • ½ лебни трошки
  • ½ рендан пармезам
  • 2 лажици путер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 250 степени. Плехот обложете го со хартија за печење. Рамномерно распоредете го исецканиот карфион и залијте го со маслиново масло, додадете сол и бибер по желба. Печете околу 20 минути.

Во голем лонец стопете го путерот на средна топлина. Додадете го ситно исецканиот црн и бел лук и оставете да се динста околу 5 минути. Потоа додадете брашно и млеко, контантно мешајќи за да не се создадат грутки. Кога ќе се добие кремаст сос, отстранете од огнот.

Загрејте го големиот лонец со посолена вода. Додадете ги тестенините да се варат околу 8 минути. Исцедете ги кога ќе бидат готови. Во подготвениот сос додадете го пармезанот и мускатно оревче. Во стаклен керамички сад за печење прво ставете ги макароните, потоа карфиолот и на крајот прелијте со сосот.

Преливот се подготвува во посебен сад така што ќе ги измешате презлата, пармезанот и растопениот путер. Преливот се става во тенок слој пред печење во рерната околу 30 минути.

Извор: srekja.mk

Previous Вибрантни и екцентрични – Несекојдневни makeup изгледи
Next СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 10-11 ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *