СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 9 ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА


Денес Девиците ќе пронајдат одговор на некое прашање за кое одамна се прашувале, Стрелците ќе се чувствуваат здраво и полетно а Јарците ќе добијат вест за разрешување на некој спор..

ОВЕН
Денес ќе бидете ориентирани кон семејството, можеби ќе правите некои планови околу иднината на вашите деца. Можно е да потрошите пари купувајќи некои артефакти или нешто декоративно за да го реновите вашиот дом. Можно е да создадете некоја непријатна навика кога е во прашање исхраната, внимавајте.

БИК
Денес ќе бидете благословени од месечината. Ќе правите добри планови кои во иднина ќе се покажат како доста корисни. Читајте ги документите добро пред да потпишете нешто. Добро е да почнете да штедите за иднината.

БЛИЗНАЦИ
Некој стар здравствен проблем можно е да се врати назад. Анксиозноста и стресот ве мачат. Не можете да се фокусирате на вашите цели. Можно е да го трошите вашето време работејќи на задачи кои нема да вродат со плод.

РАК
Денес нема да сакате да бидете фокусирани на работата, со помош на постара личност ќе успеете да пребродите некоја доста непријатна ситуација. Ќе влезете во натпревар со некој ваш колега околу некој важен проект, покажете се што знаете. Подобрување на финансиската ситуација.

ЛАВ
Денес очекувајте некои наредби од вашите клиенти или соработнци, тоа ќе ви помогне да го приширите вашиот бизнис. Можно е да запознаете интересна личност со која ќе започнете длабоко и стабилно партнерство и пријателство. Вашиот престиж расте.

ДЕВИЦА
Денес ќе бидете благословени од некој ваш предок кој ве чува. Ќе бидете среќни и смирени. Планирајте да посетите некое религиозно место. Ќе пронајдете одговор на некое прашање за кое доста време сте се прашувале. Постои можност за подалечно патување.

ВАГА
Денес ќе се чувствувате летаргично и мрзеливо, можно е да насетувате некои мали здравствени проблеми, тоа ќе ја попречи вашата работа. Ќе бидете особено чувствителни па сите зборови кои ви се упатени ќе ги земате при срце. Ќе ве привлекува некоја мистерија, можно е да откриете нешто неочекувано.

ШКОРПИЈА
Денес ќе бидете благословени од месечина. Можно е да помогнете на некои луѓе на кои им е потребна помош. Ќе се аналзирате себеси и сопствените грешки, довербата во партнерот е разнишана. Можни се расправии.

СТРЕЛЕЦ
Денес ќе се чувствувате здраво, среќно и полетно. Сите проблеми ќе бидат решени и ќе мислите дека се течи во најдобар ред. Уживајте во денот. Можно е да се посветите на некој спорт или да сакате да го подобрите вашето физичко здравје. Ќе добиете нови одговорности на работното место, сте ја заслужиле довербата од надредените.

ЈАРЕЦ
Доколку имате деца денес ќе имате некои проблеми околу нив. Оние кои се обидуваат да добијат дете, наскоро ги очекуваат среќни вести. Денес можно е да добиете вест за разрешување на некој спор со кого сте се мачеле долго време. Оние кои студираат ќе постигнат одлични резултати.

ВОДОЛИЈА
Денес ќе доживеете некое разочарување на работното место. Нема да можете да уживате во денот поради тоа што ќе бидете нерасположени. Одложете ги инвестициите и некои трошоци кои сте планирале да ги направите во скоро време. Погрижете се околу здравјето на родителите.

РИБИ
Денес сте благословени од месечината. Ќе се чувствувате силни и цврсти, ќе донесувате одлуки без проблем. Ќе сакате да се социјализирате и ќе уживате во групни активности. Можни се некои недоразбирања со некој од вашето потесно семејство, бидете потрпеливи.

Извор: srekja.mk

Денеска со почеток во 14 и 30 часот ќе почне Гејминг стримот на мојот канал. Како и во повеќето стриминзи и овој пат ќе се стрима мојот Гемплеј на PES 20 преко PS4. Така да доколку најдете време уклучете се на мојот стриминг преко наредниот линк: youtube.com

Previous Хрватаската пејачка е бремена во петатта деценија од животот
Next Sony го покажа новиот PlayStation 5 и откри повеќе детали за хардверот

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *