Идеја за појадок: Лиснати ѓевречиња со сланина, маслинки и печурки


За денешниот појадок пробајте го рецептот на Мартина Трајаноска за лиснати ѓевречиња со маслинки, сланина и печурки.

Потребни состојки:

400 мл млака вода

1 кг брашно

3-4 лажици зејтин

1 квасец

½ печиво

½ лажичка шеќер

½ лажичка сол

125 гр маргарин

Маслинки

Печурки

Сланина

Начин на подготовка:

Замесете меко тесто од состојките и поделете го на 12 топчиња. Намрсете ги и оставете ги 10-15 минути на топло. Путерот/маргаринот растопете го или изрендајте го. Топчињата поделете ги на 2 места по 6. Секое топче растегнете го или исукајте го, ставете путер помеѓу секое, и наредете такви 6 едно врз друго со тоа што на последното не треба да ставите путер.

Доколку користите со растопен путер, вака наредените корички ставете ги минимум половина час во фрижидер. Потоа исукајте правоаголна кора и на половина од кората ставете сечкана сланина, маслинки, печурки, сирење или фил по желба. Преклопете ја кората и исечете ја на ленти(10-15). Секоја лента извиткајте ја како на видеото, убаво притиснете ги краевите и редете ги на хартија за печење. Оставете ги уште 20 минути на топло, премачкајте ги со јајце, наросете сусам и печете ги на 220 степени околу 10-15 минути.

View this post on Instagram

Лиснати ѓевречиња со сланина, маслинки, печурки🥨 Вкуснотии во секој залак од овие меки ѓевречиња. Изберете си фил по желба и уживајте и во нивниот мирис и вкус. Сланината дава посебен шмек во вакви пецива, но и комбинацијата со маслинки и печурки е врвна. Замесете меко тесто од состојките и поделете го на 12 топчиња. Намрсете ги и оставете ги 10-15 минути на топло. Путерот/маргаринот растопете го или изрендајте го. Топчињата поделете ги на 2 места по 6. Секое топче растегнете го или исукајте го колку големина на тањирче, ставете путер измеѓу секое, и наредете такви 6 едно врз друго со тоа што на последното не ставате путер. Доколку работите со растопен путер, вака наредените корички ставете ги минимум половина час во фрижидер. Потоа исукајте правоаголна кора и на половина од кората ставете сецкана сланина, маслинки, печурки, сирење или фил по желба. Преклопете ја кората и исечете ја на ленти(10-15). Секоја лента извиткајте ја како на видеото, убаво притиснете ги краевите и редете ги на хартија за печење. Оставете ги уште 20тина минути на топло, премачкајте ги со јајце, наросете сусам и печете ги во загреана рерна на 220 С околу 10-15 минути ии зависно од рерната. • #instafood #foodlovers #foodporn #foodblogger #cooking #goodfoodgoodmood #tasty #delicious #food #madewithlove #homemade #homecook #macedonia #фотонаденот #инстамакедонија #седидома #готвисољубов #споделирецепт #macedonianfoodbloggers #мкфудблогери

A post shared by martinascooking (@martinascooking) on

Извор: kajgana.com

Previous Sony го покажа новиот PlayStation 5 и откри повеќе детали за хардверот
Next Голема радост во домот на македонскиот пејач – далеку од Македонија имаше убав повод за славење

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *