Apple идната недела ќе го претстави новиот iPhone


Американската компанија Apple новиот iPhone 12 ќе го претстави идниот вторник, на 13 октомври.

Apple денеска ги откри датумот и времето на специјалниот настан со фразата „Hi, Speed“, без алудирање на уредот кој ќе биде презентиран. Сепак, со оглед на тоа дека Apple во септември ги претстави повеќето од очекуваните уреди, компанијата најверојатно ќе го претстави својот најпознат производ.

Apple во јули соопшти дека iPhone 12 нема да биде претставен во класичниот септемвриски рок, поради проблемите создадени од пандемијата на коронавирусот.

Се очекува Apple да претстави 4 верзии на уредот, а настанот е закажан за 19 часот.

Извор: kajgana.com

Previous СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 7 ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА
Next Заплови првиот брод направен од 3D принтер

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *