СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 5 ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА


Денес Девиците ќе добијат резултати од вложениот труд на крајот од денот, Шкорпиите ќе се обидуваат да дојдат до некоја важна информација, Биковите ќе бидат креативни и магнетични..

ОВЕН
Денес ќе го исправите вашиот однос на деловно ниво. Идеите ќе извираат од вас. Ќе бидете креативни и отворени за нови соработки. Потребно е да го оставите телефонот настрана и да му се посветите на партнерот.

БИК
Денеш ќе ги ширите своите креативни крилја. Сакате да започнете приватна работа, можеби сега е идеален период. Магнетични сте и се посветувате со целото срце на саканите.

БЛИЗНАЦИ
Наместо да одмарате вие сте доста вознемирени. Не можете да се опуштите, полни сте со адреналин. Насочени сте кон се освен кон љубов и чувства.

РАК
Го губите својот компас, подредете ги своите приоритети подобро. Нешто мора да биде на прво место. На емотивен план сте рассеани. Обидете се да ги стабилизирате своите чувства.

ЛАВ
Не сте практични, комплицирани сте. Работата е едноставна а вие како постојано да сакате да пронајдете проблем во се. Внимавајте на тајни помеѓу вас и партнерот.

ДЕВИЦА
Добро сте го испланирале денот и резултатите ќе стигнат брзо. На крајот од денот се гледа вашиот труд. Имате полна поддршка од партнерот. Доста сте конструктивни во однос на вашите успеси.

ВАГА
Денес е креативен работен ден за вас, се ќе оди онака како што се испланирале. Можете да очекувате резултат од некоја одамна започната работа за која сте мислеле дека нема надеж. На љубовен план посакувате да го натерате партнерот да ги исполнува сите ваши желби.

ШКОРПИЈА
Се борите за да дојдете до некоја важна деловна информација. Потребни ви се совети. Немате разбирање кон партнерот, барате нови прилики.

СТРЕЛЕЦ
Грешките се веќе направени и не можете да ги исправите. Продолжете понатаму. Неискреното однесување не води кон стабилизација на љубовните односи.
Премногу се исцрпувате.

ЈАРЕЦ
Денес е вообичаен и рутински ден и нема ниакви промени. Имате нејасни потреби и ситуации. Морате да си посветите време на вашите чувства и желби и да поставите јасен план што точно сакате.

ВОДОЛИЈА
Нестрпливи сте и нервозни. Немате добри причини за да се чувствувате така. Изберете задоволство и хедонизам затоа што од љубовта нема ништо.

РИБИ
Тукушто сте седнале на зелена гранка, вие почнувате да ја сечете. Ве обзема желба за внимание. Потрудете се околу партнерот и ќе добиете внимание. Немате поголеми тешкотии.

Извор: srekja.mk

Previous Сопругот на Каролина Гочева проговори за бракот со пејачката: „Со поглед се разбираме“
Next Знаете ли зошто е добро во кафето да додадете малку сол? Ова е одговорот…

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *