Претставен прототип на првото воздушно електрично такси


Германскиот стартап Volocoptor го претстави својот најнов изум, летало на струја кои треба да биде такси-решение за градскиот метеж.

Се работи за летало кои работи на 9 батерии и може да помине 35 километри, а развива брзина до 110 километри на час. Сепак, треба уште работа, но 4-тата генерација на леталото наречено VoloCity изгледа надежно.

„Се наоѓаме на нешто повеќе од две години до добивање на последниот сертификат, па очекуваме некако кон крајот на 2022 да го направиме и првиот комерцијален лет, а се надеваме тоа ќе биде во Париз“, вели Флоријан Ројтер, извршен директор на Volocoptor.

Извор: kajgana.com

Previous Следбениците не престанаа да коментираат за изгледот на Елена Велевска без шминка (фото)
Next Препорачана PS4 игра: Plants vs. Zombies™- Garden Warfare 2

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *