СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 4 ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА


Водолиите гаат притаени страсти кон некоја личност а денес е идеален ден да ја искажат, на Близнаците им претстои важен настан во домот, Лавовите ќе мора да изберат помеѓу две решенија..

ОВЕН
Ќе имате потешкотии во донесувањето на некоја одлука, но бидете разумни и цврсти. Чувствата ви се на сите страни и имате постојани промени во расположението. Обидете се да бидете позрели.

БИК
Денес ќе одите против себеси и своите желби. Ќе сакате едно но ќе правите сосема друго. Ќе донесувате лоши одлуки поради тоа. Доколку се во тек некои преговори околу нешто, ќе завршат така што ќе резултатот ќе биде во ваша полза. Можно е да се одложи нешто кое го посакувате.

БЛИЗНАЦИ
Ви претстои важен настан во домот кој ќе го одземе сето ваше внимание. Преговорите околу некоја работа конечно ќе завршат и тоа во ваша полза. Ќе пронајдете логично решение за некој проблем. Под стрес сте поради вашите работни обврски. Наплив на енергија при почетокот на новата недела.

РАК
Денес ќе постигнете нешто за кое долго време сте мечтаеле. Ќе бидете доста емоционални поради вашата победа. Вашата ароганција може да ве доведе во проблеми. Обидете се да одржите емоционален баланс.

ЛАВ
Денес може да е еден од оние денови кога ништо нема да ви оди како што треба, а нема да имате нити ничија поддршка во решавањето на некои задачи. Ќе бидете заглавени помеѓу две решенија. Најдобрата стратегија е да пронајдете златна средина и да се држите настрана од конфликти.

ДЕВИЦА
Ви пристигнуваат добри вести во семејството. Ќе морате да направите некои промени во вашето секојдневие. Плуто ви донесува позитива. Ќе бидете мистериозни кога е во прашање љубовта и ќе сакате да ги чувате емоциите за себе, подгответе се за значаен пресврт. Некој близок пријател потајно гаи романтични чувства за вас.

ШКОРПИЈА
Зрачите со шарм и сексапил, им помагате на другите да се чувствуваат подобро во своја кожа. Доколку сметате дека долго време некој ве лажел, вистината испливува на површина. Вашите надежи кога е во прашање љубовта растат. Некој на буквата „С“ пристигнува во вашиот живот.

СТРЕЛЕЦ
Верувајте си на себеси кога се во прашање одлуките околу финансиите. Новите идеи кои ги имате се доста логични и добри. Венера ќе ве направи амбициозни и ќе ве натера да го искористите максимумот од секоја ситуација. Некој ќе ви пружи извинување.

ЈАРЕЦ
Ви пристигнува нов бран на позитивна енергија.Ќе поставите високи очекувања од себеси. Месечината ви донесува нови промени на љубовен план. Подгответе се за неделата која претстои ви пристигнуваат многу неочекувани можности.

ВОДОЛИЈА
Во вас врие притаена страст кон некоја личност, време е да ја ослободите и да ги искажите вашите чувства. Ќе започнете пријателство кое ќе трае со години со некој ваш клиент. Плутон ви донесува храброст, ќе бидете смели во искажувањето на мислењето.

РИБИ
Луѓето околу вас и понатаму се исти додека вие мислите дека се промениле. Им нудите шанса на секого па затоа често и се разочарувате. Ако сте сингл, љубовта на вашиот живот може да е некој кој носи униформа.

Извор: srekja.mk

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *