СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 2 ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА


Денес Лавовите ќе добијат неочекуван подарок, Овните ќе сакаат да направат промена во својот изглед а Вагите ќе успеат да остварат договор со соработниците кои долго време им биле недостижни..

ОВЕН
Оваа недела ќе се случи емоционален климакс со влегувањето на месечината во вашиот знак, време е да се посветите малку повеќе време на себеси и своите чувства. Венера влегува во Девица а тоа ќе ве поттикне да направите промена во вашиот изглед и да се грижите повеќе за вашата убавина.

БИК
Ќе имате тотално луди соништа. Обрнете внимание на вашиот внатрешен глас. Вашата планета влегува во Девица а тоа ви донесува пријатни изненадувања во вашиот љуовен живот и креативното поле.

БЛИЗНАЦИ
Благодарение на месечината во Овен вие ќе бидете социјална пеперутка која ќе сака да се дружи со сите. Исто така ќе сакате да поминувате време со вашите сакани. Сега е одличен период за да започнете со редекорирање.

РАК
Фокусирани сте на вашата кариера. Енергијата ќе тече низ вас и комуникацијата со вашите колеги ќе ви оди беспрекорно. Очекувајте пријатна порака.

ЛАВ
Месечината ви донесува авантуристичко расположение денес. Ќе го планирате вашето следно патување. Ќе добиете неочекуван подарок. Подобрување на финансиската состојба.

ДЕВИЦА
Ќе сакате да се зближите со некоја личност и ќе сакате да се отворите за своите чувства.Полето на љубовта се подобрува. Ќе привлечете личност која долго време ја посакувате.

ВАГА
Месечината во Овен ви донесува голем пресврт на деловно поле, ќе успеете да склопите договор со соработниците кои долго време ви биле недостижни. Нема повеќе да се срамите од вашите чувства и ќе сакате отворено да прозборувате за нив. Ве очекува приватна средба која ќе ви ги разбуди пеперутки во стомакот.

ШКОРПИЈА
Денес ќе бидете особено посветени на организирањето. Ќе сакате се околу вас да доведете во ред. Вашата популарност во социјалните кругови се зголемува. Ве осветлува посебна аура која прави да бидете ѕвезда на сите случувања.

СТРЕЛЕЦ
Подгответе се за забава затоа што месечината во Овен ќе ве направи дружељубиви и полни со енергија. Ќе се чувствувате особено привлечно и сите ќе сакаат да бидат воо ваше присуство. На деловно поле ве очекува награда за која сте мислеле дека никогаш нема да ја добиете.

ЈАРЕЦ
Денес ќе бидете сконцентрирани на семејството и решавање на сите проблеми кои одамна ви го расипуваат расположението. Ќе бидете особено комуникативни и расположени да разговарате на секакви теми. Љубовното поле полека процветува.

ВОДОЛИЈА
Ви пристигнуваат вести кои ќе ве шокираат на пријатен начин. Ќе бидете расположени и ентузијастични во текот на целиот ден. Некој ваш драг ќе ви даде подарок за кој одамна сте сонувале.

РИБИ
Месечината во Овен донесува мали проблеми на работното место. Но од друга страна донесува подобрување на љубовното поле. Ве очекува понуда која ќе ви го растрепери срцето.

Извор: srekja.mk

Previous Решила здравствен проблем кој мачи 80 проценти од луѓето – во чаша млеко го додала ова…
Next Неверојатни факти за кои ќе размислувате со денови

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *