Неверојатни факти за кои ќе размислувате со денови


Новите сознанија ќе ве направат попаметни, задоволни и секако ќе го променат начинот на посматрање на нештата на кои наидувате. Алберт Ајнштајн еднаш изјавил нешто длабокоумно: „Немам посебен талент. Само сум страствено радознал“ А неговиот пример би можеле да го следите и сами. Ви издвојуваме за вас грст интересни факти кои сигурно ќе ја разбидат вашата љубопитност.

МАЈМУНИТЕ НЕ БИ ТРЕБАЛО ДА ЈАДАТ БАНАНИ
Иако е длабоко вкоренето во човековата свест дека мајмуните јадат банани, стручните зоолози тврдат дека давањето банани на мајмуните е еднакво на давање на колачи и чоколади на овие животни. Бананите содржат доста шеќери кои се штетни за нивниот организам. Шеќерот во бананите доведува до проблеми со забите кај мајмуните како и појава на дијабетес. Исто така бананите можат да доведат до проблем во работата на цревата затоа што нивниот желудник не е прилагоден да преработува влакнест храна.

ПОСТОЈАТ ПОВЕЌЕ КОМБИНАЦИИ КАРТИ ВО ШПИЛОТ ОТКОЛКУ АТОМИ ВО ЗЕМЈЕНАТА ТОПКА
Ако следниот пат кога ќе се соберете со пријателите на партија покер и ќе помислите дека немате среќна рака, сетете се дека се е всушност математика. Верувале или не, има повеќе комбинации на карти во еден шпил отколку атоми во Земјата.

ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА ШЕКСПИРОВИ ЈУНАЦИ УМРЕЛЕ НА ИСТ НАЧИН
Нема сомнеж дека Шекспир е еден од најголемите творци на драми. Но исто така е влидливо дека се почесто се потпирал на веќе испробани техники и методи на делување, особено кога се работи за убиствата на неговите јунаци. Убод со нож е најчестиот облик на кој била претставена смртта кај неговите јунаци. Другиот најчест облик секако е труење.

ДВА АСТЕРОИДИ КРУЖАТ ОКОЛУ ЗЕМЈАТА ИСТО КАКО И МЕСЕЧИНАТА
Кога ќе погледнете кон ноќното небо и ќе ја забележите месечината како свети, она што можеби не сте го знаеле дека Земјата не ја следи само таа. Освен месечината постојат два астероиди кои кружат во близина на нашата планета. Еден ја следи нејзината орбита додека другите патуваат по стаза во облик на потковица поради што поминуваат покрај нас на секои 95 години.

ПОСТОЈАТ ЗЕБРИ КОИ НА СЕБЕ НЕМААТ ПРУГИ ТУКУ ТУФНИ
Зебрите се препознатливи по своите карактеристични црно-бели пруги. Меѓутоа ретко се случува на свет да дојде и младенче кое на себе нема пруги туку туфни. Се смета дека се работи за генетска мутација која доведува до промена на бојата на крзното.

БЕБИЊАТА НЕ ТРЕПНУВААТ ИСТО КОЛКУ И ВОЗРАСНИТЕ ЛИЧНОСТИ
Возрасните личности трепнуваат со цел да ги одржат своите очи влажни и чисти. Ако некогаш сте гледале бебе директно во очи веројатно ви поминало низ глава колку малку трепнува. Додека возрасните трепнуваат околу 15 пати во минута, бебињата имаат потреба да трепнуваат 2-3 пати.

САМО ЕДЕН КОНТИНЕНТ НА ЗЕМЈАТА НЕМА НИТИ ЕДЕН ПАРК
Антарктик е неверојатно место оковано со снег и мраз. Се одликува со прекрасни пејсажи и исклучително ниски температури. Исто така е најветровитото, најсувото и најнепристапното место на планетата. Исто така ова е единствениот континент на кој не може природно да израсне трева.

Извор: srekja.mk

Previous СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 2 ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 3 ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *