СРЕЌЕН МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА


Што донесува месец Октомври за вашиот хороскопски знак.

ОВЕН
Овој месец ќе морате помалку да се посветите на себеси и повеќе на тоа како се однесувате и што правите за другите. Можеби ќе имате поголемо позитивно влијание врз нив ако внимавате на вашите зборови и дејствија. Можни се некои ранливи разговори кои ќе ги разбудат вашите чувства. Ќе мора да биде искажано извинување. Кога е во прашање здравјето и благосостојбата, балансот е клучот. Во вашата кариера започнува нов циклус кој носи големи победи.

БИК
Ако изминатиов период сте биле преморени од работата и социјалниот живот, овој месец конечно настапува баланс. Вашата креативна енергија ќе биде на највисоко ниво, ќе започнувате нови проекти со полна пареа а ќе имате време и да се посветите на некое хоби и да го искористите максимумот од вашите таленти. Тоа ќе делува терапевтски врз вас. Во меѓувеме обидете се да направите баланс и во вашата исхрана. Внимавајте на комуникацијата со партнерот.

БЛИЗНАЦИ
Овој месец ве очекува голем пресврт кога се во прашање вашите вештини, работа и обврски во секојдневието. Стресот може да е позиразен но времето поминато во домот и со оние кои ви значат ќе го намали. Обидете се да го направите вашиот животен простор попријатен за вас, тоа ќе ви помогне полесно да се справувате со стресот. Овој месец пристинува зелено светло а тоа ќе ви донесе многу задоволства и среќни мигови. Романтичното поле полека се загрева.

РАК
Овој месец ќе ви донесе можност да станете свесни колку сте мудри и колку големи таленти поседувате. Не само што ќе ви помогне да се прифатите себеси туку и ќе ве поттикне да се борите повеќе за местото кое го заслужувате. Нема да се задржувате онаму каде што нема да сте ценети, ќе имате голем број опции. Поседувате неопходен шарм да успеете во се што ќе замислите. Внимавајте на непријатни моменти со некој поранешен партнер.

ЛАВ
Можеби нема секогаш да имате можност да го имате последниот збор, но апсолутно треба да се исправите и да застаните позади нештата во кои верувате. Ако постои нешто за кое сте молчеле долго време, овој месец ви е идеална можност конечно да прозборите за тоа, можно е да се работи за некој проблем во семејството или блиската околина. Ќе треба да се извините за некои нешта кои сте ги рекле во минатото. Финансиите се подобруваат. Големите идеи треба да бидат разгледани подобро.

ДЕВИЦА
Овој месец конечно ќе станете свесни за вашата вредност. Вашите несигурности полека ќе ве одминуваат. Ќе почнете да се сакате себеси и никој нема да може да ги искористи вашите несигурности против вас. Овој месец е добар период за да инвестирате во нештата кои прават да се чувствувате добро однадвор и одвнатре. Бидете повнимателни со вашите зборови и финансии.

ВАГА
Овој месец ќе дојдете до сознание дека е подобро да бидете сами и да го правите она кое ве исполнува отколку да бидете опкружени со многу луѓе кои не ве сфаќаат сериозно и ве земаат „здраво-за-готово“. Октомври ви донесува зелено светло за вашите планови, конечно се ќе оди како што сте посакувале. Некоја можност за која сте сметале дека сте ја пропуштиле се враќа повторно назад а тоа ќе направи да бликате од среќа. Внимавајте на вашите финансии.

ШКОРПИЈА
Овој месец ќе морате да престаните толку опсесивно да размислувате за нештата кои не ве засегаат премногу. Практикувате објективност и тоа ќе ве спаси од непреспиени ноќи и главоболки. Доколку имате нешто кое сакате да му го кажете на другите направете го тоа, исто така и доколку имате некои прашања најдобро е да разговарате за нив отколку да донесувате претпоставки. Бидете малку похрабри при донесувањето на деловни одлуки. Вербата ќе ве однесе до успехот.

СТРЕЛЕЦ
Ќе морате да се посветите на долгорочните планови повеќе од тоа што можете да постигнете во моментот, но ќе морате да чекорите внимателно и со мали чекори затоа што успехот не се остварува преку ноќ. Некои нешта не доаѓаат толку лесно и морате да се навикнете на тоа. Патот кон целта полека ќе ви биде осветлен. Избегнувајте озборувања и фокусирајте се на вашите цели. Вашиот напорен труд ќе се исплати.

ЈАРЕЦ
Потпрете се на другите, овој месец не постои нешто кое не можете да го остварите а сите околу вас ќе бидат среќни да ви помогнат во тоа. Бидете внимателни со вашите зборови кога се во прашање пријателствата, можно е да бидете премногу директни. Октомври ви носи одлична можност за напредок, бидете самоуверени и прифатете ги сите предизвици.

ВОДОЛИЈА
Овој месец многу лесно ќе се впуштате во непријатности, драма и конфликти поради брзината на вашиот јазик. Бидете повнимателни и размислете два пати пред да изговорите нешто. Ќе откриете дека нешто во кое долго време сте верувале и сте се потпирале, не е вистина. Бидете отворени за повеќе гледишта и секогаш проверувајте ги нештата пред да заклучите дали се вистина.

РИБИ
ОВој месец ќе морате да истапите од вашата комфорна зона и ќе морате да се отворите кон нови луѓе, вкусови и ќе морате да научите да ги правите некои нешта на поинаков начин кој не е баш типичен за вас. Што се случило во минатото треба да остане таму, насочете се кон иднината затоа што тоа е единствениот начин да ги остварите вашите соништа. Вашата самодоверба е во пораст.

Извор: srekja.mk

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *