in ,

DISNEY ЛАНСИРА ВЕНЧАНИЦИ ВО КОИ ЌЕ СЕ

За сите дами кои пораснале со восхитувајќи се на приказните за принцезите, доаѓа специјална колекција на венчаници која донесува модели инспирирани од секоја Дизниева принцеза.

Доколку барате венчаница во „сирена“ крој, за вас секако е совршен Ariel моделот кој се завршува со слоеви од мек тул, а покрај тоа има бретели од бисери. Од друга страна, венчаницата инспирирана од принцезата Бела од цртаниот филм „Убавицата и Ѕверот“ има познати спуштени рамена и е величенствено широка, со чипкани мотиви и многу волумен.

Креаторката на брендот Allure Bridals, Кели Крум во изјавата за јавноста објави дека многу млади жени пораснале восхитувајќи се на приказните на Дизни принцезите па затоа мигот на венчавката во фустан инспириран од нивната омилена принцеза би бил магичен.

Allure Bridals неуморно работи на дизајнот на секоја венчаница, внимавајќи да ги долови сите детали на принцезите од кои тие се инспирирани. Оваа колекција е достапна во Америка, Велика Британија и Канада а наскоро и низ цела Европа.

Несомнено е дека секоја невеста која ќе избере ваква венчаница за својот посебен ден ќе се почувствува како вистинска принцеза.

Повеќе поглднете на наредниот линк: DISNEY ЛАНСИРА ВЕНЧАНИЦИ

Извор: srekja.mk

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Најновиот PS5 гејмплеј на новиот Спајдермен

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 24 СЕПТЕМВРИ 2020 ГОДИНА